Законското решение за минерални суровини, за кое свои забелешки изразија еколошките здруженија и Асоцијацијата за рударство при Стопанската комора се испратени во Собранието уште во 2019 година, вели во своето вечерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат министерот за економија, Крешник Бектеши. Како што вели тој, за него имале можност да се изјаснат и некои пратеници коишто сега ја спорат неговата содржина.

„Ова законско решение не е пратено сега во собраниска процедура туку при крај на 2019 година. Помина некои фази во Собранието, процедури и Комсии каде учествуваа некои пратеници кои денес се против ова законско решение. Тоа е вистината“, рече Бектеши.

– Advertisement –

Прикажи повеќе