Велшкиот репрезентативец Герет Бејл е подготвен да ја заврши фудбалската кариера.

Според договорот, Бејл треба да се врати во Реал Мадрид, по позајмицата во Тотенхем, каде играше и се подготвуваше за ЕУРО. Бејл беше прилично внимателен, ги избегнуваше сите натпревари, имаше посебен режим на тренинг и играње, одржуваше специјална диета…

Тој сè уште нема намера да остане во Тотенхем, па се враќа во Мадрид. Доколку Зидан замине, и постојат големи шанси тоа да се случи, Бејл би можел да го освои своето место во почетниот состав, но според АС, тој има неверојатен план.

Бејл би земал отштета од Реал за последната година од договорот и потоа ќе го напушти фудбалот. Велшанецот одамна го изгуби интересот за фудбал, а добро игра само во дресот на репрезентацијата на Велс.

33-годишникот сака да биде со своето семејство, тој и онака заработи многу пари, а најмногу ужива да игра голф.

Поранешниот напаѓач на Тотенхем оваа сезона одигра вкупно 33 натпревари и постигна 14 погодоци со три асистенции.