Во Албанија денеска даде заклетва новиот претседател Бајрам Бегај. Тој ќе биде осмиот претседател на државата. Бегај беше избран за претседател на 4 јуни годинава, со 78 гласови на пратениците на Собранието во третиот круг, откако владеачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија не се договорија за избор на консензуална личност за претседател.

Advertisements

ДП не гласаше за Бегај и го нарече неговото назначување неуставно. Бегај, кој по професија е лекар, доаѓа како претседател од позицијата началник на Генералштабот на албанските вооружени сили.

Тој ја презема функцијата од Илир Мета, чие претседателство се карактеризира со судири со Владата на Еди Рама и правни битки во Уставниот суд.

Позицијата на претседателот во Албанија е главно церемонијална, но има надлежности во утврдувањето на генералниот правец на надворешната политика и безбедноста.

Прикажи повеќе