Барселона и Баерн Минхен пред неколку денови објавија дека во основа си подале рака за трансферот на Роберт Левандовски со тоа што требаше да бидат завршени неколку формалности пред зделката официјално да биде заклучена.

Advertisements

Полјакот и се приклучи на Барселона на турнејата во САД каде имаше можност да се запознае со новите соиграчи со тоа што претходно ги одработи задолжителните медицински прегледи и откако се беше готово шпанскиот вицешампион се огласи во јавноста за оваа операција при што објави детали од договорот.

Официјално трансферот изнесува 45 милиони евра, плус уште 5 милиони кои се бонуси. Роберт ќе биде член на каталонците во наредниве четири сезони, а неговата откупна клаузула ќе биде 500 милиони евра.

Со ова се става крај на оваа приказна, па сега ќе се очекува дебито на Левандовски во дресот на Барселона, деби кое може да биде во пресметката со Реал Мадрид.

Извор: Дерби

Прикажи повеќе