Барселона, Јувентус и Реал Мадрид немаат намера да се откажат од идејата за создавање фудбалска Супер лига.

Овие тројца великани на европскиот фудбал останаа единствените клубови кои ја задржаа идејата за создавање Супер лига во која ќе играат најбогатите тимови во Европа.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) успеа да ги убеди другите клубови да се откажат од идејата. Следуваа бројни протести на навивачите, а на клубовите им беа најавени санкции за забрана за учество на европски натпревари.

Меѓутоа, судот во Мадрид ја отфрли можноста УЕФА да ги казни клубовите кои ја основаа Супер лигата, а Барселона, Јувентус и Реал Мадрид излегоа со соопштение.

Тие рекоа дека немаат намера да се откажат од создавањето на Супер лигата и ќе се борат за лигата откако Судот во Мадрид ја отфрли жалбата на УЕФА против одлуката за можни казни за креаторите на лигата.

„Барселона, Јувентус и Реал Мадрид изразуваат големо задоволство што Судот во Мадрид потврди дека УЕФА не може да поведе постапка против клубовите кои ја создале Супер лигата, ниту пак може да ги казни“, се вели во соопштението на клубовите.

“Наша должност е да се справуваме со сериозни проблеми во фудбалот. УЕФА се претставува како законодавец, извршен оперативец и единственото правно лице за организирање европски натпревари. Таквата монополска позиција му штети на фудбалот и конкурентноста. Финансиските контроли се несоодветни и се применуваат погрешно. Треба да се осигура дека клубовите што учествуваат на европски натпревари раководи со тие натпревари “.

“Воодушевени сме што отсега повеќе нема да бидеме изложени на закани од УЕФА. Нашата цел е да продолжиме да го развиваме проектот Суперлига на конструктивен начин и со придонес на сите структури во фудбалот: навивачи, играчи, тренери, клубови , национални федерации и лиги. “Некои делови од нашиот предлог може да се ревидираат и тоа да го спроведеме преку дијалог. Убедени сме во успехот на овој проект, кој секогаш ќе ги почитува законите на Европската унија”, беше објавено од овие клубови.

За потсетување, покрај овие три екипи, претходно во Супер лигата требаше да учествуваат Арсенал, Тотенхем, Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Интер и Милан.