Каталонскиот гигант Барселона го договори првиот трансфер за новата сезона. Раководството ги детализира сите услови, платата и должината на договорот со дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ињиго Мартинез. Тој по истекот на сезоната како слободен играч ќе се пресели на „Камп Ноу“.

Мартинез ќе ја зголеми конкуренцијата за Кристенсен, Араухо и Кунде, а беше желба на тренерот Чави затоа што е левучар кој игра во последната одбранбена линија.

Интересно е дека Ињиго Мартинез во два наврати беше блиску до Барселона, во 2016 година кога на клупата беше Луис Енрике, а потоа и две години подоцна кога тренер беше Ернесто Валверде.

Прикажи повеќе