„Старата дама“ не губеше многу време откако заглавија преговорите со Мемфис Депај и за брзо договори трансфер на Аркадиуш Милик.

Голем број на извори од Франција и Италија пренесуваат дека Јувентус и Марсеј си подале рака за позајмица вредна 1 милион евра, „бјанконерите“ исто така ќе добијат опција за додатни 7 милиони евра во целост да го купат напаѓачот.

Полјакот е на пат кон Торино, во текот на денот ќе треба да пристигне во Италија за да ги помине редовните лекарски прегледи и да го комплетира трансферот.

По ваквиот развој на настаните, Барселона сега ќе трбеа да бара нов клуб за Мемфис Депај, „каталонците“ сакаат да се разделат со Холанѓанецот со цел да се отвори простор во буџетот за регистрација на Жил Кунде.

Извор: 24фудбал

Прикажи повеќе