Баерн Минхен ја победи Викторија Плзен во Лигата на шампионите со 5-0 и постави нов рекорд. Баварскиот тим е непоразен во 31 последователен натпревар од групната фаза. Последен пат тимот од Минхен загуби натпревар во 2017 година, кога беше поразен со 0:3 од ПСЖ. Оттогаш Баерн брои 28 победи и 3 нерешени, успевајќи да постигне барем еден гол на овие натпревари. Претходниот рекорд  беше на Реал Мадрид, кој броеше 30 последователни натпревари без пораз.

Прикажи повеќе