Баерн Минхен во својот камп во Катар ќе отпатува без Садио Мане и уште неколку повредени играчи, пренесува „Кикер“.
Заздравувањето на сенегалскиот напаѓач оди според планот, но во овој момент сè уште не е во состојба да тренира со тимот. Рехабилитацијата ќе ја продолжи во Минхен, а датумот на враќање на терените останува нејасен.
Во Доха нема да патуваат уште тројца повредени играчи – Мануел Нојер, Лука Ернандез и Буна Сар. Баварците од 6 до 12 јануари ќе бидат во тренинг кампот во Катар.
Вториот дел од Бундеслигата започнува од 20 јануари, а Баерн Минхен го игра дербито со РБ Лајпциг./Gol.mk/