Албанскиот претседател Бајрам Бегај во седиштето на Алијансата се сретна со секретарот на НАТО, Јенс Столтенберг. Според него, НАТО демонстрирал кохезија, солидарност, единство и моќ за да го заштити секој сантиметар од територијата на Алијансата, а Столтенберг изјави дека присуството на НАТО на Косово е успешно. Нагласи дека го поддржуваат патот на дијалогот за целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

„Присуството на НАТО сиве овие години на Косово се покажа како важно. Персоналот на КФОР ги поддржува дипломатските напори на ЕУ и исто така ги цениме и неодамна организираните дискусии на ЕУ за односите меѓу Србија и Косово. НАТО ќе продолжи да го олеснува дијалогот, бидејќи сметаме дека тоа е единствениот пат до решение и стабилност на Косово. Страните мора да покажат компромис за конечно решение. НАТО е присутен на Косово и ние сериозно и силно го поддржуваме дијалогот“, рече Столтенберг.

„НАТО е присутен на Балканот. Безбедноста во регионот, безбедноста во Албанија и Косово е безбедност за Европа и безбедност за НАТО. Косово е независна држава веќе 15 години и секојдневно работи на изградба на јасна евроатланска визија. Албанија го поддржува Косово во процесите на членство во меѓународни или регионални организации, од кои едната е НАТО“, изјави Бегај.

Прикажи повеќе