По повод одлуката на Сенатот да го ослободи поранешниот американски претседател Доналд Трамп од одговорност за поттикнување на бунт, американскиот претседател Цозеф Бајден изјави дека демократијата е кревка и дека е должност на секој Американец да се залага за вистината.

“Ова тажно поглавје од нашата историја нè потсетува дека демократијата е кревка. Иако последното гласање (во Сенатот) не доведе до осуда, суштината на обвинението не беше доведена во прашање. Дури и оние кои се спротивставија на отповикувањето, како што е лидерот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел, се убедени дека Доналд Трамп е виновен за срамно занемарување на должноста и дека тој е практично и морално одговорен за предизвикување бран насилство на Капитол Хил“, рече Бајден, јави Танјуг.

– Advertisement –

Бајден заклучи дека непосредна задача сега е да се стави крај на „нецивилизациската војна и да се лекува душата на нацијата“.

Прикажи повеќе