Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави денесска дека Конгрсот треба сам да одлучи за евентуална процедура за импичмент на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Tој нагласи дека е фокусиран во моментот на вакцинирањето на Американците и на закрепнување на економијата.

– Што ќе одлучи Конгресот е нивна одлука…Мојата функција почнува за 12 денови и со Божја волја, јас ќе бидам претседател на САД, изјави тој.

Бајден додаде дека негов приоритет сега е подготовка на новата администрација и дека е фокусиран на три работи – спречување на ширењето на вирусот, вакцинирањето на населението во САД и економски раст.

Според него, единствената работа со која се согласува со Трамп е дека е добро што нема да присуствува на инаугирацијата на 20 јануари.

– Ми рекоа дека тој посочил дека нема да се појави на инаугурацијата. Една од ретките работи за кои јас и тој некогаш сме се согласиле. Добра работа е тој да не се појави, изјави Бајден.

– Тој… ги надмина и моите најлоши поимања за него. Тој е срам за земјата, срам за целиот свет, недостоен да ја извршува таа функција…Сепак, потпретседателот Пенс е добредојден на 20 јануари.