Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, вчера го повика претседателот Доналд Трамп да ја одобри финансиската помош за Американците погодени од пандемијата со Ковид-19.коронавирус кризата.

– Во спротивен случај, милиони луѓе им секнуваат исплатите за невработеност и може да останат бездомници за време на празникот, истакна Бајден.

Според Бајден, акциите на Трамп се „отфрлање на одговорноста” и може да имаат трагични последици.

За околу десет милиони Американци ќе запрат исплатите за невработеност. За неколку денови истекува рокот за финансирање на сојузната влада, а тоа е закана за мошне важните услуги и исплати за плата на војниците. За помалку од една недела истекува мораториумот за иселување, со што милиони луѓе можат да бидат иселени од своите домови за време на празниците.

– Доцнењето значи дека многу малите бизниси нема да преживеат во оваа мрачна зима, затоа што се лишени од спасоносна помош, на Американците повторно ќе им доцнат паричните исплати кои тие ги заслужуваат што поскоро, за да се справат со економската катастрофа предизвикана од Ковид-19.

Бајден истакна дека овој нацрт закон е крајно значаен и мора да биде потпишан. Притоа, според него, тоа е само прв чекор во преземање комплекс мерки идната година за заживување на економијата и запирање на пандемијата.