20-годишниот Хасбула Магомедов е една од најголемите интернет ѕвезди на денешницата, а неговите фанови ги воодушеви веста дека тој официјално потпиша петгодишен договор со УФЦ.

Поради ретко генетско нарушување, Хасбула иако има 20 години изгледа како дете, но токму тоа му донесе статус на светска сензација која денес живее на високо.

Хасбула има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм и добива илјадници лајкови и коментари со секоја фотографија што ја објавува.

Тој израснал во сиромаштија

Спонзорите му плаќаат огромни суми за да ги промовираат своите производи, а тој исто така често оди на платени патувања низ светот и се вози во приватни луксузни авиони и автомобили и престојува во најскапите хотели за кои можел само еднаш да сонува.

Имено, Хасбула пораснал во лоши услови во Дагестан, но неговиот живот целосно се променил пред околу една година, кога го добил прекарот Мини Хабиб и стекнал популарност во ММА заедницата поради видеото во кое имитира познат борец.

Ќе биде платен повеќе од борците на УФЦ

Тој го рекреираше мерењето на UFC на Хабиб со уште еден закржлавен руски блогер, Абду Розик, и привлече внимание на социјалните мрежи.

Почитуваниот новинар Игор Лазарин тврди дека по потпишувањето на договор со УФЦ, Хасбул ќе заработи повеќе од многу борци на УФЦ. Очигледно Хасбула ќе има посебна задача во УФЦ и нема да се бори. Во неговиот договор стои дека ќе биде присутен на сите UFC настани и настапи меѓу борби.