Автомобил кој се поврзуваше со вицепремиерот Артан Груби ноќеска околу 3.30 часот беше запален во скопски Чаир. Според објавата на Груби, Аудито кое беше запалено било на негов пријател, а нападот бил насочен кон вицепремиерот.
Но, албанските медиуми кои први ја објавија веста за запалениот автомобил, возилото го поврзаа со Груби, иако и од МВР иницијалите на сопственикот на Аудито се различни од оние на вицепремиерот, објави Фокус.
Како што пишува Фокус се поставува прашањето кој е вистинскиот сопственик на возилото и зошто во текот на ноќта било паркирано пред станот на Груби доколку не е негово.
Во анкетниот лист на десната рака на Али Ахмети нема пријавено возило Ауди. Според анкетниот лист, возниот парк на Груби е само еден автомобил Цитроен Ксара, стар 22 години и со вредност од 1.000 евра.
Целата вест на Фокус.мк