Атланта Хоукс загубија со 114:105, а имаа шанса и за триумф откако се вратија од огромна негатива по првиот период кој го загубија со 39:19. Дури и поведоа со 103:101 на три минути пред крајот благодарение на поените на Богдан Богдановиќ, но следеше серија од 10:0 на Милвоки и прашањето за победникот беше решено. Холидеј со 27 поени и Лопез со 20 беа најефикасни кај победникот. Особено интересен ефект имаше Јанис Адетокумбо. Гркот имаше само седум поени, но дури 18 скока и десет асистенции. Богдан Богдановиќ во редовите на Атланта се истакна со 22 поени, Хантер додаде 16, а Колинс заврши со 15 поени.

Вашингтон го победи Чикаго со 100:97 со тројката на Кајл Кузма на шест секунди пред крајот. Мемфис го држи врвот на Западот со Денвер. Отпорот на Сан Антонио го скршија и славеа со 135:129 со 38 поени на Џа Морант. Детроит Пистонс ја победи Минесота со 135:118, а одличен беше хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ со 27 поени.

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар во НБА лигата.Тој во победата на Денвер над Феникс (126:97) учествуваше со 21 поен, 18 скока и девет асистенции. Јокиќ на паркетот мина 28 минути, а ова беше 12. триумф во низа на Нагетс на домашен паркет.

На другите натпревари беа постигнати следните резултати: Бостон – Њу Орлеанс 125:114, Њујорк – Индијана 119:113, Сакраменто – Хјустон 135:115.

Прикажи повеќе