Англискиот премиерлигаш Астон Вила одлучи да му даде отказ на Стивен Џерард поради слабите резултати на тимот од стартот на сезоната во Премиер Лигата.

По синоќешниот пораз од Фулам (3-0), раководството на клубот донесе одлука за разделба со Џерард. Медиумите на Островот шпекулираат дека најголема желба на Астон Вила за наследник на Стивен Џерард е Маурисио Покетино, поранешниот тренер на Тотенхем и на Пари Сен Жермен.

Астон Вила се наоѓа на 17. позиција со само девет бода, иако имаше мнопгу поголеми амбиции на стартот на сезоната.

Прикажи повеќе