Капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета ја поминa ноќта во болница откако доживеа удар во главата на натпреварот од Премиер лигата против Саутемптон. Тренерот на лондонскиот клуб Греам Потер изјави дека очекува шпанскиот фудбалер да остане во болница најмалку 24 часа.

Advertisements

Во 74. минута од натпреварот против Саутемптон (0:1), Аспиликуета доби силен удар во главата од Секу Мара. кој се обиде да фати ножички. Дефанзивниот 33. годишен фудбалер потоа беше изнесен на носилки, а паузата траеше десет минути.

„Среќа што е свесен. Во болница е. Разговараше со сопругата. Значи, го следиме и многу сме загрижени за него. Не беше убаво да се види”, додал Потер.

Аспиликуета е играч на Челзи од 2012 година и со клубот освои две титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите во 2021 година. Тој е капитен на Челзи од 2019 година.

Прикажи повеќе