„Почитувани, ниту еден наш директор за здравство НЕ прифаќа никакво решение на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку му треба годишен одмор, боледување или едноставно не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот“, оваа порака наводно ја испратил Артан Груби до директорите на клиниките кои доаѓаат од ДУИ, објави Фактор, кој тврди дека ја поседува комуникацијата.
Вчера и министерот за здравство Фатмир Меџити на прес конференцијата изјави дека поседува ваква порака, која Артан Груби им ја испратил на директорите. Дел од нив како што кажа Меџити земале боледување, иако не се болни, со цел да не бидат разрешени. Меџити вели дека не планира никого да разреши.
Инаку, за денеска на собраниска седница е закажано разрешуваше на Изет Меџити, министер за здравство и Азир Алиу МИОА, кои се од редовите на Алијанса за Албанците, а причината е поради тоа што го поддржаа претседателот на партијата, Арбен Таравари на изборите во мај на избори да одат со албанската опозиција, поточно со Европскиот сојуз за промени.