Градоначалничката Данела Арсовска почнува со постапка за да го врати споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред комплексот судови во Скопје, објави СДК.мк

Споменикот во февруари 2018 беше отстранет по налог на тогашниот градоначлник Петре Шилегов, бидејќи бил дивоградба. Шилегов тогаш кажа дека градежниот инспекторат на Општина Центар извршил увид на фактичката состојба и утврдил дека инвеститорот Град Скопје нема решение за поставување на овој споменик.

Сега, градоначалничката Арсовска повторно сака да го врати споменикот на контроверзниот Андон Лазов-Ќосето (1855-1953) со кама в рака, познат во историјата како ликвидатор на ВМРО, кој си го убил и брата си. Таа доставила барање до Општина Центар да се даде согласност за почнување постапка согласно која би почнала процедурата за враќање на споменикот на истата локација од која беше тргнат.