Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал и Месут Озил конечно се договорија за прекина на соработката. Договорот е начелно постигнат, и веќе викендов се очекува Озил да биде слободен играч и доколку се оди по план, тој ќе потпише за турскиот Фенербахче.
Поранешниот германски репрезентативец има уште шест месеци од актуелниот договор со „топчиите“ за што треба да заработи околу седум милиони фунти, но медиумите известуваат дека тој нема да ја добие целата сума.
Неодамна во интервју за Атлетик, Озил изјави дека планира да остане во Арсенал и да се бори за место во тимот, но откако не е пријавен за настап во Премиер лигата, тој одлучи конечно да стави крај на сагата и да прифати за си замине од „топчиите“.
Нова станица во кариерата се очекува да му биде турскиот Фенербахче, кој би му бил петти клуб во кариерата по Арсенал, Реал Мадрид, Вердер и Шалке.