Вечерва екипите на Арсенал и Виљареал го одиграа реваншот од полуфиналето во Лига Европа без голови на Емирати, по што шпанскиот тим се пласираше во финалето благодарение на победата во првиот натпревар кога беше 2:1.

Виљареал на првиот натпревар со головите на Тригерос и Албиол, создаде доволно предност пред овој натпревар. Николас Пепе погоди за „Топџиите“ на првиот натпревар од пенал.

Гостите подобро го отворија овој натпревар. Нигериецот Чукваезе опасно се закани во петтата минута, но Лено го одбрани неговиот удар.

Во 23. минута германскиот голман беше во нова неволја, ударот на Пареја отиде малку над неговиот гол. Арсенал возврати три минути подоцна преку Аубамејанг чиј удар беше запрен од стативата на тимот од Ел Мадригал. Сето тоа вреди да се спомене од првиот дел.

Второто полувреме ни понуди отворена игра на обете страни. Арсенал нападна, а најдобрите шанси ги испуштија Смит Роу, Пепе и Аубамејанг, кој ја пропушти можеби најголемата во 79. минута.

Габонецот скокна, ги престигна своите двајца чувари и шутираше со глава, а топката заврши во стативата на патот кон мрежата. Топџиите не успеаја да постигнат гол до крајот, што ќе ги однесе во големото финале во кое се пласираше Виљареал, каде ќе играат против Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ беа поразени од Рома со 3:2 во второто полуфинале, но отидоа понатаму поради победата во првиот натпревар од 6:2.

Последниот натпревар од овогодинешната Лига Европа годинава ќе се одигра во Гдањск, Полска, во ПГЕ Арената на 26 мај.