Д-р Ненад Панов, кој се наоѓа во тешка состојба поради корона вирусот има потреба од помош за лекувањето во приватна клиника.

Сите коишто скаат да направат финансиска донација за лекувањето на д-р Панов доволно е да се јават на бројот од Т-Мобиле на 070/143-107.

Имаме можност да ја покажеме нашата хуманост и да помогнеме финансиски во лекувањето на нашиот сограѓанин, Др Ненад Панов кој е во тешка здравствена состојба поради корона вирусот и кој по наше барање беше префрлен во клиника „Систина“.

Со вртењето на бројот од Т-Мобиле на 070/143-107 сите помагаме Нено да се врати побрзо кај нас.

Големо благодарам од семејство Панови – се наведува во апелот за помош објавен на социјалните мрежи.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.