Сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокуцо, секако дека ја сака и ја следи Барселона, но тоа не е нејзиниот омилен тим.

Семејството на аргентинскиот фудбалер ужива на одмор на Ибица, каде е направена фотографија која откри дека Антонела најмногу од сите тимови го сака „својот тим“.

„Мојот тим“, напиша Антонела покрај фотографијата на која позира со Меси и нејзините синови.

Таа доби многу лајкови и коментари и многумина мислат дека дефинитивно е во право кога вели дека нејзиното семејство е всушност нејзиниот омилен тим.

Инаку, Меси е слободен играч откако неговиот договор со Барселона истече ова лето и одби да потпише нов договор.

Лео освои апсолутно се со Барселона. За каталонскиот гигант одигра 778 натпревари и постигна 672 гола, а каде ќе игра следната сезона ќе дознамеме наскоро.