Речиси 80 ​​проценти од анкетираните Италијанци, без оглед на партиската припадност, сметаат дека „сега не е време за политичка криза“, пишува весникот „Ил Фато Котодиано“, којги објавува резултатите од последното истражување на јавното мислење во Италија.

Весникот пишува и дека анкетата покажува пад на бројот на приврзаници на поранешниот премиер Матео Ренци, а процентот на оние кои го поддржуваат сегашниот премиер Џузепе Конте, 38 проценти, е стабилен.

Исто така, весникот потсетува дека во екот на пандемијата во март и април минатата година, премиерот Конте имаше поддршка од 49 проценти од анкетираните Италијанци, и дека тој, врз основа на анкети на јавното мислење, беше прогласен за најпопуларен премиер во последните 20 години. (МИА)