Светската фудбалска федерација ќе додели најголеми бонуси во историјата на Светските првенства. Националните федерации и клубови ќе ја наполнат касата, а најбогатите федерации веќе ги одредија и премиите доколку ја освојат титулата.

Advertisements

Англиските репрезентативци ќе поделат тринаесет милиони фунти доколку го освојат Светското првенство. Оваа сума е скоро двојно повеќе од ветено за претходниот Мундијал во Русија. Селекторот Герет Саутгејт ќе добие бонус од три милиони фунти во случај на светска круна. ФИФА објави дека шампионот ќе добие 35, а поразениот во финалето 25 милиони фунти.

До овој момент оваа премија е најголема која една федерацијја ја објави како награда за светска титула.

Прикажи повеќе