Неколку дена по историската победа против Германија во Дуизбург од 2:1, конечно се огласи селекторот Игор Ангеловски на социјалните мрежи. Секако дека тој даде неколку изјави претходно во кои ги споделуваше емоциите од големата победа, но сега напиша емотивна порака на социјалните мрежи.

-Ве сакам. Би благодарам за овие незаборавни моменти. Вие сте моите херои, напиша селекторот Ангеловски објавувајки заедничка фотографија направена во соблекувалната веднаш по победата над Германија.