Фудбалската школа „Македонија Ѓорче Петров“ бележи големи промени во последните две години, откако клупските челници забележаа дека има многу фудбалски таленти кои бараат само подобри услови за да го докажат својот спортски квалитет. Координаторот на оваа школа, Тони Џангаровски, зборувајќи за плановите на клубот го потенцира значењето на инфраструктурата, поточно условите во кои се тренираат децата и важноста на меѓународните натпревари. Тој во оваа прилика ја издвои генерацијата 2007 година која под водство на тренерот Горан Петревски има одиграно многу натпревари во странство, меѓу кои и оној со Црвена Звезда и белградски Партизан.

Прикажи повеќе