Реал Мадрид првпат загуби бодови оваа сезона и ја пропушти шансата да се врати на првото место во поредокот. Сега Реал и Барселона имаат по 19 бодови на врвот на табелата во Примера. Ремито со Осасуна на домашен терен не е трагичен резултат, но е прв неуспех по подолг период за шпанскиот и европски шампион.

Тренерот Карло Анчелоти го коментираше синоќешниот нерешен резултат со Осасуна (1-1).

„Не беше нашиот најдобар ден, но заслуживме да победиме. Размислував за промена на изведувачот на пенали, но Бензема реализираше два од најважните пенали минатата сезона, против Манчестер Сити. Тој е најдобриот изведувач на пенали што го имаме во тимот. Играта не се одвиваше како што сакавме, но можевме да победиме доколку постигневме гол од белата точка. Нашата многу добра серија заврши, но сега сакаме тргнуваме по нова“, рече Италијанецот.

Извор: gol.mk

Прикажи повеќе