Вчерашната акција во затворот во Идризово, што резултираше со откривање на еден тунел кој бил ископан долго време за бегство на затворениците, е токму резултат на ангажманот на директорот на АлтернАтивА таму, Шпенд Тахири, велат од Алтернатива.

Во соопштението на оваа партија се вели:

Затоа, да се каже дека директорот на затворот Идризово е сменет како казна не само што е недолично, туку е и неблагодарно кон човекот кој до последниот ден на својата работа работел без ниту една афера и без ниту едно обвинение од никого за неговата коректна работа. За жал, повеќе благодарни за неговата работа се нашите меѓународни пријатели отколку нашите државни институции.

Како и да е, токму благодарение на совесното менаџирање на затворската институција од страна на Шпенд Таири беа откриени, фатени и санкционирани безброј обиди за бегства и внесување на наркотични средства во затворскиот круг, вклучително и овој последниот, кој е круна на неговиот успех. Всушност, ова акција во Идризово се подготвувал подолго време и ќе биде запишана како историски успех на директорот на затворот во Идризово.

За жал, Министерството за внатрешни работи се кити со туѓи перја – сака да придобие од работата на некого кој и со жртвување на својот и животот на своето семејство работел достоинствено и со најголема професионална совест во институција која можеби е најтешка за менаџирање во државата.

За информација на јавноста, Шпенд Тахири е сменет само заради тоа што бил кадар на АлтернАтивА. Но, се чини, дека нарцисите од династијата на ДУИ и недостојните за договори од СДСМ, очигледно се алергични на критики.

Но, сакаме да потсетиме дека Шпенд не е виновен што овие две партии ги уживаат последните денови на својата власт и ова состојба на паника ги тера да реагираат на штета на државните интереси. Веќе видено очајно сценарио на политички губитници.

Инаку, вчера е откриен тунел во затворот „Идризово“. Според информациите од МВР утврдено е дека е долг 80 метри, на длабочина од еден метар со дијаметар од околу 80 сантиметри. Го копале околу 8 затвореници, подолго време, кои биле осудени за тешки кривични дела и требало да лежат во затвор повеќе од 10 години.