Алтернатива вечерва на седница на Централниот одбор, одлучија да се приклучат на парламентарното мнозинство и да влезат во Владата. Ова го соопштија вечерва на прес-конференција од партијата.
„Алтернатива одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство и да биде дел од оваа влада. Сметаме дека затворањето на спорот со Бугарија не е само државна, туку и албанска цел, затоа што со затворањето на тоа прашање, се отвора патот на целиот регион кон ЕУ.
Дополнително како партија бараме меѓународна истрага за случаите Монструм, Алфа, Диво Насење.
Се одлучивме на ваков чекор поради влезот во НАТО, решавање на спорот со Грција. Сметаме дека постигнувањето на договорите е голема работа за нашата држава, за Албанците, но и победа на Алтернатива“, рекоа од партијата.
Од Алтернатива најавија нова прес-конференција утре на која ќе бидат соопштени детали околу тоа кои министерски места и ресори ќе им припаднат.