Фернандо Алонсо, во пресрет на трката во Бразил што се вози овој викенд на патеката Интерлагос, повторно го пецна 7-кратниот светски шампион, британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон. Според него, Макс Верстапен е подобар возач и дека двете титули што ги освои холанѓанецот на Ред Бул, вредат повеќе од оние на Хамилтон.

Advertisements

„Луис има освоено 7 шампионски титули, а за ривал го имаше само неговиот тимски колега, прво Нико Розберг, а потоа и Валтери Ботас. Затоа, овие титули имаат помала вредност од оние освоени со победување на ривали од други тимови, како што тоа го направи Верстапен, кој победи бидејќи беше подобар од Хамилтон или самиот Шарл Леклер“, изјави Алонсо.

„Мислам дека е потешко да се победи ривал кој има различен болид отколку оној кој има болид како вашиот. Мерцедес со години беше значително супериорен болид од оној на неговите ривали, па тие титули на Хамилтон беа безбедни. Додека последните две години, каде што победи Верстапен, предизвикот беше поотворен, конкуренцијата поголема“, изјави на крај Алонсо.

Прикажи повеќе