Светскиот рекет број два Карлос Алкараз се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Шпанецот рутински го совлада холандскиот тенисер Талон Грикспор со 7-6/4, 6-3. Ова беше јубилејна стота победа на победникот на УС Опен минатата година на АТП турнирите.

Алкараз не сервираше ниту еден ас, но беше сигурен на втор сервис и му дозволи на својот ривал само две брејк шанси, кои подоцна ги спаси. Во осминафиналето ќе игра против Британецот Џејк Дрејпер кој во два сета го победи сонародникот Енди Мареј. Дрејпер триумфираше со 7-6/6, 6-2 против поранешниот светски тенисер број еден. Јаник Синер рутински го совлада Адријан Манарино со 7-6/7, 6-4.

Прикажи повеќе