Следната недела ќе се одржи јавна дебата за втората фаза на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Очекувам од сите страни да направиме закон што ќе биде и во насока на тоа што се бара од ЕУ директивите и во кој ќе се подобри медиумскиот еко систем кај нас, вели во видео интервју за МИА министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Законот, потенцира министерот, е многу сензитивен. Се размислува линијата на уреденост да не биде кочница за иновативност и транспарентност.

Во тек се анализи, како што информира, на четири члена од законот. Првиот член е можноста државата да креира регулатива за авторски права, а вториот е за тоа да се преработи фамозниот член 102 за да биде во согласност со ЕУ директивите, бидејќи сега не може да се користи, забранет е, но од друга страна потребата од јавните институции и комуникацијата со граѓаните е загрозена, вели Алиу.

Во интервјуто, што утре ќе биде објавено во целост, министерот зборува и за подготовката на Законот за медиумите околу регулацијата на работата на порталите и мултимедијалните содржини, законите поврзани со реформите на администрацијата, процесите за дигитална трансформација, како и можностите од Програмата „Дигиталне Европа“.