По инцидентот кој се случи за време на првиот натпревар на Европското првенство меѓу Алиоски и Арнаутовиќ, денеска се огласи и Алиоски.

„Не го слушнав што викаше кога го даде голот бидејќи публиката славеше во тој момент. По натпреварот разговаравме и се смиривме. По мечот дојде и во нашата соблекувална, ми подаде рака и ми се извини. Арнаутовиќ дојде како пријател, разговаравме на германски и на крајот се разбравме и ги разрешивме недоразбирањата“, истакна Алиоски.

Вчера се огласи и Арнаутовиќ.

„Јас сум Србин, но не ја мразам Босна, Хрватска или која било друга словенска земја. Разбирам дека луѓето на Балканот сè уште мислат дека војуваме, но за мене војната повеќе не постои. На сите им посакувам најдобро и не сакам да зборувам за војна“, рече Арнаутовиќ во 2018 година пред дуелот со Босна и Херцеговина, но вечерва нешто очигледно експлодираше во него.