Изборните власти во Тирана тестираа нова технологија за биометриско идентификување на граѓаните кои сакаат да гласаат. Уредите ќе се користат за првпат на редовните парламентарни изборите на 25 април. Претседателот на Централната изборна комисија тестот го оцени за успешен.

Првата демонстрација на функционалноста на овој уред помина добро. Она што импресионира на прв поглед е точноста и пократкото време за идентификување на гласачот во споредба со стариот мануелен начин на идентификување – изјави Илирјан Целибаши, претседател на ЦИК.

– Advertisement –

Целиот процес на биометриско гласање трае просечно по една минута. Во меѓувреме во Македонија сè уште се дебатира дали е можна примена на оваа технологија за локалните избори на есен, иако според законот оваа постапка е предвидена уште од февруари минатата година. Биометриското гласање преку уред што идентификува отпечатоци од прсти и на личните карти, се очекува да ги елиминира злоупотребите на избирачкото место, како што се двојно гласање или гласање во име на друг.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе