Во рамки на акцијата „Безбедно лето 2023“, полициски службеници во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд  и Државниот пазарен инспекторат во Битола, денеска беше спроведена контрола во субјекти кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини.

При контролата во два објекти – отпади на ул.„Караорман“ беа констатирани неправилности. Исто така, при контролата на истата локација беа пронајдени и одземени околу 9м3 нелегално исечена дрвна маса. Дрвната маса е предадена на Шумска полиција за понатамошна постапка, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.