Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо откри многу интересен детал од почетокот на неговата кариера.

Во интервју за шпански АС, тој се присети на моментот кога одбил да се фотографира со sвездата на Барселона, Лионел Меси.

“Пред да дојдам во Ла Масија, пријател на татко ми дојде кај мене и ми рече: Ајде, сликај се со Меси. Реков: “Не благодарам, не сакам”, открива Олмо.

“Имав осум години и кој друг одбива да се фотографира со Меси? На крајот бев фотографиран против моја волја, но морам да истакнам дека на крајот мило ми е што ме натераа да го сторам тоа затоа што имам прекрасно сеќавање врамени дома“, рече Олмо.

Денес, Олмо е голема sвезда. Тој исто така дојде во репрезентацијата на Шпанија, што секако е голема работа.