Партиски состанок на ДУИ, неколку дена откако доскорешниот функционер на ДУИ Изет Меџити ја напушти партијата и почна активности за формирање нова партија, пренесува порталот „360 степени“.

На Меџити му се приклучија пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, како и поранешниот заменик-министер за одбрана Башким Хасани.

За нов потпретседател на ДУИ е избран актуелниот министер за надворешни работи и портпарол на партијата, Бујар Османи.

Беким Незири, Илир Хасани и Арта Билали се назначени за нови членови на претседателството, пополнувајќи ги местата на оние кои ја напуштија партијата

Како што пренесува „360 степени“ Највисокиот партиски орган на ДУИ – Генералниот совет одржал состанок каде дискутирале за актуелната политичка состојба во држават, но и во партијата. Претседателот на партијата , Али Ахмети кој претседавал со Советот, изразил загриженост од како што се наведува во соопштението, „создавање на хибриден политичко-
економски центар против ДУИ“. Без да откриваат детали на што мислел Ахмети, од партијата наведуваат дека тој изразил посветеност на партијата за демократските принципи и решеност да продолжи да работи во насока на
унапредување на системските вредности и стандарди во Северна Македонија.

Ахмети и Генералниот совет, како што се наведува во соопштението, го осудуваат и нападот врз првиот вицепремиер Артан Груби, карактеризирајќи го истиот како напад врз ДУИ.

Генералниот совет на ДУИ донел и одлука за како што велат , зајакнување на раководството на партијата.

„За нов потпретседател на ДУИ се назначи г-дин Бујар Османи како носител на долгогодишно искуство со континуирана посветеност и вложување во принципите на партијата. Дополнително, Собранието назначи тројца нови членови на претседателството, пополнувајќи ги испразнетите места од лицата што ја напуштија партијата. Новоименуваните членови се Беким Незири, Илир Хасани и Арта Билали. Г-ѓа Билали како секретар ќе го води Секторот за родова еднаквост,“

се наведува во соопштението од ДУИ.