За Северна Македонија да ги надмине предизвиците кои се пред неа, корупцијата не смее туку така да минува. Одговорните мора да одговараат.
Ова го изјави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на денешната прес-конференција на која зборуваше за одлуката американското Министерство за финансии – бизнисменот Јордан (Орце) Камчев да го стави на „црната листа“ на САД, пренесува „360 степени“.
-Злоупотребата на законот, позицијата, перењето пари, подмитувања и други прекршоци во кои учествувал Орце Камчев, не само што ја еродираат довербата на јавноста во судскиот систем на Северна Македонија, туку и претставува значајно предавство на граѓаните на оваа земја. Јавноста заслужува институции на кои може да им се верува дека ќе ги следат демократските ведности со транспарентност и без компромис. За Северна Македонија да ги надмине предизвициите што следат и да ја исполни целта за просперитетна, продуктивна и ценета членка на ЕУ, коруцппијата не може туку така да минува. Корумпираните мора и ќе одговараат како што ова назначување и покажува, вели Агелер.