Откако многу жени се охрабрија и го обвинија продуцентот Харви Вајнстин дека сексуално ги злоставувал, а со осум од нив приватно се спогоди за се да сокрие, тој беше осуден на затворска казна од 23 години, која во моментов веќе ја служи.

Иако веќе е зад решетки, озлогласениот продуцент и медиумски моќник се соочува со нови обвиненија. Обвинителите ги презентирале случаите во судот во Лос Анџелес, а потоа треба да побараат екстрадиција на Вајнстин поради судењето во нивните градови. Се работи за 11 точки од обвинението, вклучувајќи силување и сексуален напад, во пет наводни инциденти помеѓу 2004 и 2013 година.

Адвокатскиот тим на Харви наводно ќе побара екстрадицијата да се одложи поради неговата влошена здравствена состојба и здравствени ризици поради пандемијата на коронавирусот.

„Мојот клиент се противи на преместувањето. Тој прво мора да се изврши итен преглед на забите и очите. Тој е речиси слеп и има потреба од операција на очите. Покрај тоа, тој веќе има закажани стоматолошките прегледи. Досега тој изгуби четири заби“, изјави неговиот адвокат.