Ние треба да направиме напор да го решиме тоа со Бугарите и да направиме исчекор во евроатлантските интеграции, иако сме дел од НАТО. И од друга страна, затоа што кај нас расте евроскептицизмот. Ова го изјави Висар Адеми, политички аналитичар, во синоќешната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Не сме ние многу голема држава. Ниту сме економски важни за Еврппската Унија, ниту имаме ресурси, ниту по обем сме големи, како население. Тие што треба да бидат дел од Европска Унија, Бугарија, Албанија, поради нивниот пристап до море, итн. тие добија датум. Ние треба да направиме напор да го решиме тоа со Бугарите и да направиме исчекор во евроатлантските интеграции, иако сме дел од НАТО. И од друга страна, затоа што кај нас расте евроскептицизмот. Кај етничката македонска група гледам дека има нови мислења дека други алијанси се подобри, на пример, од Европска Унија. Зборуваме за БРИКС или за некои алтернативни решенија што за мене се многу ризични. Македонија припаѓа и географски и политички и економски на Европска Унија. Ако ние немаме исчекор, овие идеи што се сега малцинство, подоцна може да станат дел од некоја филозофија“, вели Адеми.
Денешната средба меѓу претседателката и лидерот на опозицијата е добар потег, за релаксирање на членството на најголемите политички партии., но и за институцијата Претседател, во услови на закрвавеност во македонското Собрание
„Од друга страна, најголемиот политички капитал на СДСМ во последните осум години се евроинтеграциските процеси. Па така, нормално е од лидер на најголемата опозициска партија да се заинтересира до каде се тие евроинтеграциите и што е тоа што го кочи процесот“, рече Адеми.
Тој истакна оти „премногу мислиме дека сите очи се кон Македонија“.