Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми има понуда од германскиот прволигаш Штутгарт и сака да се пресели во Бундеслигата, но тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, кој сега има двојна улога во клубот и како спортски директор, не му дозволува да замине од „Максимир“.

Ова ја прави ситуацијата во клубот многу нервозна, а соиграчите го поддржуваат Адеми. Адеми од 2010 година е член на Динамо Загреб и рекордер е во многу статистички категории, па заслужува клубот да му излезе во пресрет за трансфер.

Тој има понуда и од турскиот прволигаш Адана Демирспор. Тренерот Винченцо Монтела лично инсистира токму Адеми да биде засилувањето на Адана во средниот ред./Makfax/

Прикажи повеќе