Tурскиот прволигаш Адана Демирспор е клубот што е најзаинтересиран да го ангажира капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец Аријан Адеми. Наводно, преговорите се веќе почнати, а Адеми инсистира да си замине од „Максимир“ затоа што е лут на раководството на клубот. Во овој клуб има двајца македонски интернационалци, Јован Манев и Арда Окан Куртулан.

Тренер на турскиот тим е Винченцо Монтела, кој бара квалитетен играч за врска. Прва негова опција е Аријан Адеми, а втора Тиму Бакајоко, кој е на излезна врата од Милан, каде не добива минутажа.

Адеми има 31 година, за Динамо Загреб одигра 351 натпревар и постигна 39 гола со 29 асистенции. Во клубот е од 2010 година кога пристигна од Шибеник./Makfudbal/

Прикажи повеќе