Неверојатната вест ја пренесуваат европските медиуми. Роман Абрамович подготвил 300 милиони евра за засилувања ова лето. Тој сака да го направи Челси „недопирлив“.
Првата желба е Норвежанецот Ерлинг Халанд и ако може да им се верува на пишувањата на островските медиуми, Абрамович би платил 200 милиони евра на Борусија за Халанд, што би бил еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот.
Кога ќе се додадат бонуси, тоа сигурно би било најголем во најпопуларниот планетарен спорт.
Челси веќе пазареше во Германија. Ги донесоа Вернер и Хаверц, па територијата не им е непозната.
„Цената не е важна, Абрамович е подготвен да даде 200 милиони за Халанд“, известуваат водечките европски медиуми.