Потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ изјави дека очекува следниот месец да оствари официјална посета на Белград.

-Црна Гора треба да испрати нов амбасадор во Србија, истакна Абазовиќ, порачувајќи дека „треба да се направи обид за релаксирање на односите меѓу двете земји и да се доведат до пријателски“.

Тој нагласи дека „црногорската Влада не сака непријателски односи, особено не со соседите“.

Коментирајќи ги односите на Владата и владејачкото мнозинство, Абазовиќ изјави дека моментно има чувство дека се како „рогови во вреќа, а дека тој е таа вреќа“.

Одбивањето на шефот на државата Мило Ѓукановиќ да го потпише Законот за државно обвинителство, Абазовиќ го оцени како неподготвеност на претседателот „да се соочи со правдата“. (МИА)