Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при денешната неговата посета на Битола истакна дека по локалните избори следува ново парламентарно мнозинство, а потоа идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, заедно со локалната самоуправа во Битола која исто така ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе направи големи работи за општината.

Николоски изјави дека промените како во Битола, така и во цела Македонија може да ги направи единствено ВМРО-ДПМНЕ.

-На 17 октомври ќе се случат големи промени, очекуваме на 18 веќе да се разговара за ново парламентарно мнозинство во рамки на македонското  Собрание и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи многу за Битола.  Имаме одличен тим и одличен кандидат за градоначалник и советничка листа позади кои застанаа бројни експерти, рече Николоски.Како прва и најважна работа тој вели дека ќе бидат нови инвестиции и работни места.

-Четири години во Битола камен не е ставен инвеститори не доаѓаат, а најголемиот инвеститор планира да замине затоа што нема соработка со владата. Ние планираме нови инвестиции, а постојните да ги задржиме и да им дадеме добри услови за работа. Ние не планираме да го затвораме РЕК Битола, како што планира Зоран Заев, потенцираше Николоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не планира 5-7.000 луѓе да останат без работа како што планира СДСМ, туку ВМРО-ДПМНЕ планира нови луѓе да се вработуваат.

-Понатаму, нова инфраструктура, кружни токови, гасификација на Битола, нешто што требаше досега да е готово, топлификација на Битола ново Основно училиште, нова зграда за противпожарна заштита, нов мултифункционален спортски комплекс, ревитализација на рекреативен центар Тумбе кафе и нов парк со авантуристички содржини во Битола, нагласи Николоски.