Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе му изрази поддршка на девојчето кое беше малтретирано на социјалните мрежи. Станува збор за 8-годишната Камила, на која и е дијагностициран ВАКТЕРЛ синдром. Таа сними видеопорака во која му ја честита Новата година на играчот и го замолува да остане во ПСЖ.
Објавата на Твитер доби многу навредливи пораки како одговор.
– Јас ти посакувам среќна Нова година, моја мала Камила. Продолжи да се бориш, на сите ни држиш лекција за животот. Што се однесува до навредливите коментари за детето … Навистина го допираме дното. Треба да се ставиме во ред, напиша Мбапе.
За Французинот заинтересирани се неколку европски екипи, најмногу Реал Мадрид.