Селекторот на машката ракометна селекција на Македонија Кирил Лазаров ги избра ракометарите со кои ќе ги започне подготовките за претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.
На скратениот список на селекторoт се најдоа 24 ракометари, повеќето доаѓаат од домашниот шампионат, а тука се и интернационалците Кузмановски, Митревски, Пешевски, Миркуловски.
Лазаров своите избраници ќе ги соберe на 22 декември во Скопје, а потоа делегацијата се сели во Маврово, каде ќе започнат подготовките.