Битолски Еурофарм Пелистер извојува прва победа во Европската лига, со 30-27 во Атина, против АЕК и го одигра, веројатно, најдобриот натпревар оваа сезона. Тренерот Жељко Бабиќ вели дека е горд на момците со тоа што го направиле и дека се функционирало перфектно.

„Одигравме перфектен натпревар. Подготвивме одлична одбрана и брз контра-напад. Момците завршија голема работа, горд сум на нив. Не го гледав натпреварот на АЕК против Олимпијакос, но детално ги проучивме нивните адути со кои ги победија Татабања и Ним. Можеби малку изменив, игравме човек на човек врз нивниот најдобар ракометар и добро го неутрализиравме. Задоволство беше да се игра во Грција“, изјави Бабиќ по мечот.

Во следното, четврто коло, на 23 ноември, Е. Пелистер игра дома со Татабања.